Вилијамсон во понеделник во Косово

Шефот на единицата за брзо дејствувањ за истрага на тврдења од  извештајот на Советот на Европа, американскиот обвинител Џон Клинт Вилијамсон, ќе го посети Косово пред објавувањето на резултатите на својата двегодишна истрага, пишуваат медиумите од регионот, повикувајќи се на текст објавен во косовскиот весник „Коха диторе“.

Во Приштина е потврдено доаѓањето на тужителот Вилијамсон, додека во неговата канцеларија во Брисел негираат дека тој резултатите од својата истрага ќе ги довери на премиерот Хашим Тачи.

„Не можам да потврдам планови за идните патувања на амбасадоров Вилијамсон, но без никаков сомнеж можам да негирам било ккаво твврдење дека нашите наоди ќе ги претставиме на начин кој го сугерирате“, рекол за „Коха диторе“ портпаролот на Оперативните сили Жао Сосу, одговарајќ ина прашање дали ќе ги запознае косовските власти со резултатите од својата истрага, пишува српскиот „РТС“.

Истрагата за овој случај, кој опфаќа трговија со органи за која постојат сомевања дека ги извршувала поранешната ОВК на најмалку две локации во Албанија – во Бурел и Фуш Круји, отпочна во 2011 година.

Во април Косово усвои резолуција за основање на Специјален суд. Резолуцијата претходеше на размена на писма меѓу претсдателката Атифете Јахјага и шефицата на ЕУ за надворепни работи, баронесата Кетрин Ештон.

Извори на весникот „Бота Сот“ наведуваат дека најмалку пет големи јавни фигури може да бидат уапсени во наредните недели, па дури можеби и до крајот на месецот. Обвиненијата се за различни злодела кои ќе бидат третирани од страна на Специјалниот суд.

Се тврди дека ќе има и обвиненија за економско- стопански криминал во текот на приватизацијата, но и за длабока корупција во различни случаи.

“Она што го знаеме е дека се очекува апсење на пет лица, високи и познати претставници на ПДК. Ќе има и поранешни министри и пратеници, како и министри кои можат да бидат во владиниот кабинет“, тврдат доверливи извори на весникот.

„Овој потрес би бил кобен за политичката партија која на минатите избори излегла како победник и која по секоја цена барала тие да бидат одржани што поскоро, да не се чека есента“, наведува весникот.