Вилмотс селектор на Белгија уште четри години

Фудбалската репрезентација на Белгија и во следните квалификациски циклуси за Европското првенство во Франција и за Светското првенство во Русија ќе биде предводена од актуелниот селектор Марк Вилмотс.

Легендарниот фудбалер на германскиот бундеслигаш Шалке, потврди дека пред неколку дена го потпишал новиот 4-годишен договор.

„Можам да кажам дека репрезентацијата на Белгија забележа одличен напредок во изминатите две сезони, како на фудбалскиот терен, така и надвор од фудбалските стадиони. Многу сум среќен што ја продолжив соработката, што и понатаму ќе соработувам со оваа одлична група на фудбалери што ќе ја продолжам соработката со техничкиот тим. Горд сум на овој нов договор, среќен сум што и понатаму ќе бидам селектор на фудбалската репрезентација на Белгија”, изјави Вилмотс.