Вин Дизел стана татко по трет пат

Холивудскиот глумец Вин Дизел и неговата 16 години помлада партнерка Палома Хименез по трет пат станаа родители.

Пресреќниот актер, кој со Палома ја има 6 годишната ќерка Хана и 4 годишниот син Винсент, на социјалните мрежи се пофали за новата радосна вест, но полот на детето не сакал да го открие.

47 годишниот актер е познат како човек кој е приврзан за семејството, па затоа на негово инсистирање премиерата на неговиот нов филм „Пеколна улица 6“ од Абу Даби е преместена за во Лос Анџелес за да може Вин да биде блиску до својата избраничка кога ќе дојде бебето.

vin-dizel-i-paloma-himenez-1426617414-55737