Винер Осигурување со рекордни 800 милиони денари премија и 120.000 клиенти

Од осигурителната компанија Винер – Виена Иншуренс Груп Скопје информираат дека ја завршиле деловната 2016 со рекордна премија која надминува 800 милиони денари, со што го оствариле најдобриот резултат во историјата, забележувајќи раст од речиси 2 милионa евра во однос на претходната година. Истовремено, продажната мрежа на компанијата достигнала бројка од 85 експозитури во сите градови во државата, кои вкупно опслужиле 120.000 клиенти во 2016 година.

„Успехот никогаш не е сигурен, никогаш не е гарантиран. Во основа нашиот и не беше планиран во овој енормен обем. Останавме доследни на нашите заложби да бидеме постојано фокусирани на задоволството на нашите клиенти, а клиентите ја препознаа нашата одговорна работа, нашата посветеност и резултатите едноставно стигнаа“- изјави д-р Зоран Нарашанов, Генерален директор на Винер. ,,Во време на криза неопходно е да имате сериозна и моќна осигурителна компанија бидејќи, ова се времиња во кои не можете да калкулирате со судбината на вашиот имот, бизнис, здравје, одговорност. Едно е повеќе од јасно – за квалитетно осигурување нема алтернатива” – додава тој.LOGO Winner NEW 2012Од Винер уште велат и дека со супериорното реосигурително покритие се позиционирале како вистинско осигурување во Македонија кое без никакви проблеми ја исплатило најскапата штета во историјата на домашното осигурување, истовремено останувајќи лидер во дејноста со убедливо најмал број нерешени штети на пазарот. Компанијата информираше и за новиот промотивен продукт, креиран со цел да им понуди на граѓаните поголема сигурност од пожар, земјотрес, поплава и други непогоди по мошне поволна цена.

„Во основата на нашиот успех е беспрекорната услуга на клиентите во сите аспекти, со продукти дизајнирани за реалните потреби на нашите граѓани, со адекватна цена, со динамична исплата на штети и внимателен избор на достапни локации за продажба и пријава на штети. Нашите врати се отворени за вработување на искусни професионалци и млади таленти кои ги ценат овие вредности и имаат квалитет истите да ги унапредат.“ – вели д-р Зоран Нарашанов, Генерален директор на Винер.