Македонија

Виничанецот Душан Чимев најбрз до светиот крст во Скопје

Виничанецот Душан Чимев најбрз до светиот крст во Скопје

Душан Чимев од Виница беше најбрз од толпата верници кои денес се фрлија во светите води на Вардар и го фати светиот крст.

На сите македонски граѓани со православна вероисповед, 22-годишното момче им посака здравје и среќа.

Околу 120 граѓани се обидоа да го фатат светиот крст во водите на Вардар што од мостот кај хотелот Холидеј Ин го фрли архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.