Винко Златковски го извади крстот од водите на Брегалница во Делчево

Дваесетгодишниот Винко Златковски од делчевското село Габрово го извади осветениот крст од водите на Брегалница во Делчево.

delcevooo500По одржаната литургија во црквата „Успение на пресвета Богородица„ литија со стотина верници пристигна на мостот во Центарот на Делчево, каде свештенослужителите од делчевското архиерејско намесништво на МПЦ – ОА пред мноштвото насобрани верници ги осветија водите на Брегалница.

– Од триесетината пријавени јас ја имав среќата да го извадам крстот и тоа ме исполнува со радост и верба во Бога и во подобрата иднина на мене и моето семејство и на сите луѓе во Делчево и Македонија, изјави Винко Златковски.