Виноскоп, Баскерфест, Тортијада, еве како можете да аплицирате

Град Скопје објави конкурс за реализација на проекти за развој на занаетчиството, угостителството, трговијата и туризмот на Град Скопје за 2015 година Конкурсот се објавува за реализирање на следните проекти:

1. “Фестивал на виното 2015, Вино – Скоп”
2. “Месец на трговијата 2015”
3. “Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите”
4. “Гурмански викенд со пиво во Скопје – Пиволенд ”
5. “Пролетен базар на домашни ракотворби”
6. “Интернационална Тортијада 2015”
7. “Фестивал на органска храна”
8. “Баскерфест- 2015”

Право на учество на конкурсот имаат сите јавни установи, здруженија на граѓани, агенции специјализирани за “Mistery shopping”, трговски здруженија и маркетинг агенции.

Предложените проекти, покрај образложението, треба да содржат и финансиска конструкција во која ќе бидат наведени сопствените средства и другите извори како и приложена тековна состојба од Централен Регистар.

Пријавите со предлог проектите и финансискиот план да се достават до Град Скопје – Сектор за локален економски развој Бул.” Илинден” бр 82, 1000 Скопје по пошта, или во Архивата на Град Скопје, најдоцна 20 работни дена од денот на објавувањето на конкурсот, до 15 часот, со назнака – Конкурс за реализација на проекти за развој на занаетчиството, угостителството, трговијата и туризмот на Град Скопје.

Изборот на најдобрите предлог проекти ќе го изврши Комисија формирана од Градоначалник на Град Скопје, според критериумите утврдени во Конкурсот.
Предлозите со непотполни податоци, како и оние кои нема да бидат доставени во наведениот рок нема да бидат разгледувани.

Пријавата за реализација и финасирање на проектите од точка I, инструкциите за учесниците, описот на проектите заедно со критериумите и финансискиот план може да се подигне во Сектор за локален економски развој на Град Скопје, барака бр.6, канцеларија бр.1, 3 и 4 секој работен ден од 9.00 до 16.00 часот. Лица за контакт: Драгана Спасовска, Билјана Стојмановска и Ребека Ризовска Станоевска.

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на тел. 02/3 297-327, 02/3 297-284 и 02/3 297-218.