вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 58

Винслет за „Титаник“: Роуз можеше да не го пушти Џек

titanik

Последни вести

Поминаа две децении од моментот кога Кејт Винслет и Леонардо Ди Каприо станаа најпопуларни филмски пар.

Пријателството од палубата на Титаник се пресели и во реалниот живот, а убавата Кејт во емисијата на Џими Кимел објасни зошто толку ужива во друштвото на Лео.

-Неверојатно е што луѓето и по 20 години се воодушевуваат кога ќе не видат заедно. Тоа е навистина убаво. Искреното пријателство е вистинска реткост во филмскиот свет и ја сум навистина горда на ова што ние двајца го имаме, рекла Кејт, која ќе му се придружи на Лео на доделувањето на Оскарите, со оглед на тоа дека и двајцата се номинирани.

И денеска често се шегуваме на сметка на нашата романса во Титаник, која, како што знаете заврши трагично, бидејќи Роуз го пушти Џек да замрзне во студената вода и да потоне заедно со бродот. Но, сигурна сум дека на онаа врата на која лежев имаше место и за него, се пошегувала британската актерка.

Најчитани вести