Балкан

Полски авион принудно слета во Бугарија, по дојава за поставена бомба

Полски авион принудно слета во Бугарија, по дојава за поставена бомба

Поради дојава за поставена бомба призмјен е авион што летал од Варшава кон Египет. Утрово леталото принудно слетало во Бургас, Бугарија.

„Патник рече дека во авионот се наоѓа бомба, по што заради безбедност леталото принудно слета на аеродромот во Бургас“ – изјавила портпаролката на аеродромот.

161 патник биле евакуирани, а безбедносните служби го прегледале леталото што било на пат за Хургада, во Египет.

Патникот што ја предизвика тревогата е на испитување.