понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 65

Вип ресторани, соблекувални, модерни прес центри, паркинг зони: Интензивни подготовки за УЕФА Супер Купот во Македонија 2017

page-2-640x366

Последни вести

Фудбалската федерација на Македонија интензивно работи на подготовките за УЕФА Супер Куп натпреварот кој го организира на Националната арена во Скопје.

Оваа недела во посета на ФФМ и нашиот главен град е бројна работна делегација на УЕФА. Активностите за реконструкција на просториите на северната трибина (Прес центар, простории за медиуми, позиции за ТВ камери, ВИП ресторани, канцеларии, паркинг зони) и доизградба на фасадното обликување веќе се во завршна фаза, а гостите од УЕФА се исклучително задоволни од сработеното во однос на минатата посета.

5800626554_b441c67e96_b

– ФФМ направи големи напори за да можеме да бидеме задоволни од сработеното во оваа фаза на подготовки за Супер Куп натпреварот. Направени се големи зафати на стадионот, северната трибина ќе биде многу функционална за сите посетители, вклучувајќи го организаторот, носителот на ТВ правата, медиумите и општо гледачите, е ставот на УЕФА.

Најголемиот спортски настан во Македонија ќе се одигра на 8 август. За Супер Куп трофејот ќе се борат победникот во Лигата на шампионите и најдобриот клуб во Лига Европа.

nacionalna-arena-filip-vtori

Најчитани вести