Вирусот на ебола забрзано се шири

Вирусот на ебола во земјите од западна Африка продолжува да се шири си забрзано темпо и речиси 40 отсто од сите случаи на заразени се регистирани во изминатите три недели, се наведува во денеска објавениот извештај на Светската здравствена организацијан (СЗО).

Според извештајот на СЗО, смртноста меѓу заболените во најпогодените земји – Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, е меѓу 60 и 70 отсто.

СЗО нагласува дека досега се регистрирани 4.985 лица заболени од ебола, од кои 2.461 лице починале.

Главниот координатор на Обединетите нации во борбата против епидемијата на ебола, Дејвид Набаро изјави денеска дека за справувањето со болеста во Африка се потребни една милијада долари, односно десет пати повеќе од проценката дадена минатиот месец.