Вирусот Заев смртоносен за опозицијата

Првата акција на обвинителството под име „Титаник“ покажа три клучни работи:

  • опозицијата нема намера да го демократизира општеството туку да го окупира;
  • специјалното обвинителство пропушти голема шанса да ја врати довербата во судството и покажа дека настапува како продолжена рака на Заев и неговите странски ментори;
  • професионалните стандарди кај медиумите што милуваат да се нарекуваат независни никогаш не биле на пониско ниво, а опозициските новинари никогаш не се потпирале повеќе на лаги и на манипулации место на факти и на аргументи.

Сето ова, пак, води до еден заклучок – вирусот Заев што предизвикува комплетна ерозија на моралните и на етичките човечки вредности сериозно е раширен не само кај неговите најблиски партиски соработници, туку и врз Специјалната обвинителка и меѓу неговите медиумски труби. Барајќи го изворот на заразата, не може да не се дојде до чадорот. Очигледно дека Верушевски и сопругата на Чаушот не се единствените што ја добиле пораката на Заев „знаеш кој стои зад нас“, а по начинот на однесување, се чини, многумина, буквално, ја сфатиле и насоката „ако ве фатат во лага, не грижете се, се’ ќе негираме“.

За среќа, ниту народот е толку глупав, ниту тие се толку интелектуално надмоќни за да го понижуваат до таа мера.

За волја на вистината, Заев, навистина, воопшто не се грижи дали ќе биде фатен во лага и колку пати во денот ќе мора се демантира самиот себе. Но, за човек со негови можности може да се каже дека е разбирливо, особено ако се има предвид дека за него ова е игра на се’ или ништо. Нејасно е зошто специјалната обвинителка наседна на лажната сигурност на прокиснатиот чадор и прифати да ја игра улогата на Заев. Јанева, навистина, имаше историска шанса да покаже како непристрасно се спроведува правдата, да придонесе за враќање на довербата во судството, па дури и како што самата рече, правната наука да научи нешто од неа. Од приложеното, и правниците, но и јавноста, главно, се интересира да дознае зошто „Титаник“ исплови од нејзината канцеларија правно неподготвен, а политички…