Вирусот Зика откриен и кај обичните комарци

Научниците во Бразил дошле до загрижувачко откритие што би можело да доведе до уште побрзо ширење на епидемијата на опасниот Зика вирус.

За прв пат досега вирусот Зика е откриен и кај об ичните комарци. Си Ен Ен пишува дека иако ова откритие е алармантно, научниците предупредуваат дека тоа немора да значи дека епидемијата ќе напредува. За сега, се чини дека обичните комарци може да бидат заразени со вирусот, но дека неможе да го пренесат на други живи видови.

Епидемијата на Зика вирусот почна уште минатата година, а најтешко е погодена Јужна Америка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.