четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 39

Вирусот Зика се пренесува преку сексуален однос

Вирусот Зика кој предизвика паника во Америка и во Европа, може да се пренесе преку сексуален однос, покажуваат новите истражувања, пренесува „Дејли експрес“.

zika-preku-sex

Поврзани вести

Вирусот Зика кој предизвика паника во Америка и во Европа, може да се пренесе преку сексуален однос, покажуваат новите истражувања, пренесува „Дејли експрес“.

Состојбата која е поврзана со голем број аномалии кај новороденчиња и која се прошири низ Бразил се поврзува и со сексуалните односи.

Првиот случај бил регистриран кога научниците нашле присуство на вирусот во семенскиот материјал кај 44-годишен маж од Француска Полинезија. Иако немало никакви траги од вирусот во неговата крв и урина, сепак имало траги од вирусот во неговата семена течност.

Вториот случај е регистриран во 2008-мата кога Д-р. Брајан Д Фој, експерт за болеста од Универзитетот Колорадо се заболел од вируост откако патувал во сенегал и собирал комарци за неговото проучување. Тој и еден негов колега заболеле откако се вратиле во САД.

Веднаш потоа, симптомите од вирусот се појавиле и кај неговата сопруга. Со оглед на тоа што болеста не била пренесена на нивните деца и членовите на потесното семејство, двојката верува дека најверојатно вирусот бил пренесен преку сексуален однос.

Во Европа регистриран прв случај на вирусот Зика

Во Европа регистриран прв случај на вирусот Зика

Според здравствените експерти ова сеуште не е потврдено и треба дополнително да се истражи.

Симптомите на вирусот се појава на треска, болка во зглобовите, чешање, конјуктивитис, главоболка болка во мускулите и во очите.  Вирусит сам по себе не е смртоносен, но опасен е за бремените жени затоа што може да предизвика аномалии кај плодот.

Земјите што се погодени од вирусот ги предупредија жените да се воздржуваат од бременост додека не се добијат повеќе информации за вирусот.

Најчитани вести