Свет

Вирусот зика се прошири во Африка

Вирусот зика се прошири во Африка

– Најновите податоци од Зеленортските острови се загрижувачки. Бројот на заболени е доказ дека епидемијата се проширила и надвор од јужна Африка, на целиот африкански контитент, изјави директорката на африканската канцеларија на СЗО Мадшидисо Ребека Моети.

Таа нагласи дека оваа информација треба да им помогне на африканските земји да се подготват за зголемениот ризик од заболувањето со цел да спречат зголемување на бројот на комарци кои го пренесуваат вирусот, да подготват лаборатории за рана дијагноза и заштита при сексуални односи, пренесува Танјуг.

Моети апелираше, со цел спречување на понатамошното ширење на вирусот, да не се патува во Африка.