четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 0

Вирусот Зика се шири многу брзо

Вонредна состојба во Хондурас поради вирусот Зика

Вонредна состојба во Хондурас поради вирусот Зика

Поврзани вести

Генералниот директор на Светската здравствена федерација (СЗО), Маргарет Чан денеска предупреди дека вируот Зика започнал да се шири екстремно брзо.

Чан истакна дека овој вирус меѓу луѓето на американскиот континент се шири со голема брзина.

„Зика сега е регистрирана во 23 држави и териториии во регионот на Латинска Америка и на Карибите„ изјави Чан.

Според првиот човек на СЗО, нивото на тревога во врска со овој вирус е „исклучително високо“.

Американскиот претседател Барак Обама вчера побара итна акција против вирусот Зика, кој се поврзува со раѓањето бебиња со ненормално мали глави и недоразвиен мозок.

Обама се заложи за забрзување на работите за откривање вакцина, како и на третманот за луѓето кои се погодени од овој вирус.

На американскиот континент, вирусот се појави во мај 2015 година, во Бразил, но брзо се рашири низ сите делови на Америка и на Карибите.

Засега нема вакцина против вирусот Зика, а не постои ниту посебно лекување. Како единствен „лек„ против вирусот се посочува само кампањата за покривање на барите и мочуриштата кои сегло на комарците кои го шират меѓу луѓето.

Симптомите се налик на поблага варијанта на еден вид тропска треска, која на почетокот се манифестира со блага треска, коњуктивитис и главоболка.

Експертите предупредуваат дека поголемиот број од лицата зафатени со вирусот не ги манифестираат основните симптоми, но Зика се покажа мошне опасна за бремените жени, откако се утврди дека вирусот тешко го оштетува плодот во утробата.

Десетици илјади деца, во неколку земји од Латинска Америка, се родени со нонермално мали глави и недразвиен мозок, затоа што нивните мајки биле каснати од комарците што го шират вирсуот и инфицирани, дека биле бремени.

Американски експерти укажуваат дека најголемата закана за САД претстои во текот на потоплите месеци оваа година, кога Зика може да се рашири на голем простор меѓу западниот брег на САД и средниот Запад, каде живеат преку 200 милиони луѓе.

Најчитани вести