Висината на снежната покривка во Маврово изнесува 5 сантиметри

Времето денеска ќе биде значително облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег претежно во планинските делови на запад и на исток, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Во некои места во Македонија има наврнато снег, а висината на снежната покривка изнесува 5 сантиметри во Маврово, 3 во Берово и 2 сантиметри во Крушево. Повеќе врнежи се очекуваат попладне, а снег е можен и на повисоките места и во котлините, особено во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 1 до 7 степени Целзиусови.

Во Скопје претежно облачно со услови за појава на слаб дожд, кој на повисоките делови во котлината повремено ќе поминува во слаб снег, особено попладне. Температурата ќе достине до 5 степени.

Поради спуштање на студен воздух од север, денес и утре ќе има локални врнежи од дожд кои некаде ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места. На планините особено на запад и на исток врнежите ќе бидат од снег. Најмалку врнежи ќе има во централните делови од земјава. Појава на врнежи ќе има и во вторник, но само во крајните западни делови. Понинтензивни врнежи претежно од дожд се очекуваат во среда од средината на денот и особено во западните делови, каде што врнежите во текот на ноќта ќе бидат од снег. Ќе дува дува засилен југозападен ветер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.