Висла загуби од Кјелце, се надеваме дека ќе продолжат во ист ритам и против Вардар в сабота

Противникот на Вардар во осминафиналниот двобој од Лигата на шампионите, Висла Плок загуби во дербито на полското ракометно првенство од Кјелце со 30:27.

Иако избраниците на шпанскиот стратег Маноло Каденас одиграа одлично прво полувреме по кое имаа и еден гол предност, сепак во вториот дел Кјелце уфрли во “втора брзина” и успеа да слави против својот најголем конкурент во домашниот шампионат.

Дажек со 6 и Сипржак со 5 погодоци беа најефикасни во редовите на Висла, додека домашниот ракометар Бунтиќ постигна 7 погодоци со што го понесе приматот најдобар стрелец на овој натпревар.

Првиот натпревар меѓу Висла и Вардар е на програмата в сабота, а реваншто е закажан за 21 март во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.