Спорт

Преглед на натпреварите во НБА лигата Висок пораз Кливленд

Висок пораз Кливленд

Минатогодишниот финалист во НБА лигата, Кливленд Кавалирс ноќта кон петокот доживеа висок пораз на гостувањето кај Торонот Репторс со 99:133.

За Кавалирс ова е шестиот пораз во осумте натпревари одиграни од божикните празници. Леброн Џејмс постигна 26 кошови, додека Ајзеа Томас не ги реализираше своите први шутови.

Кај Торонто најдобар беше Фред Ванвлит со 22 погодоци, од што шест „тројки“, Јонас Валанциунас додаде 15 поени и 18 скокови. Си Џеј Мајлс забележа 16 кошови, Паскал Сиакам и Норм Пауел по 14 кошови, а Демар Розан 13 поени за Репотрс, кои играа без повредениот Кајли Лоури и суспендираниот Серж Ибака.

Лос Анџелес Клиперс со 121:115 беа подобри Сакраменто Кингс. Домашните до победата ги предводеше Лоу Вилијамс со 30 кошови, Блејк Грифин додаде 18 кошови со 12 скокови и 6 асистенции, а Монтрезл Харек постигна 25 поени. Најдобар стрелец кај Сакраментно, пак, беше Богдан Богдановиќ со 22 поени.

Лос Анџелес Лејкерс изминатата ноќ ја постигнаа третата победа по ред совладувајќи ги со 93:81 Сан Антонио Спарс. Ги предводеше Бреднон Инграм со 26 кошови, а кај Спарс најефикасен беше Ламаркус Олдриџ со 20 поени.