Висок пораз на МЗТ Скопје на гостувањето кај Цедевита

цедевита

Јуре Лалиќ со 14 и Стефан Синовец со 10 поени беа единствени со двоцифрен ефект во гостинскиот состав кој настапи ослабен без Ксавиер Темс, кој задутре се враќа од САД и ќе биде во составот за следниот меч в недела против Будуќност на домашен терен во рамки на АБА-лигата.

Избраниците на тренерот Анте Назор одиграа солидно во првите две четвртини, но во третиот период нагло падна интензитетот во играта на „сино-белите“ што резултира со убедливи 27:9 за загрепчани.

На табелата водат Гран Канарија и Цедевита со по пет победи од шест, односно седум одиграни натпревари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.