Висока мрежа околу затворска зграда поради уфрлање киндер-јајца наполнети со дрога

Раководството на затворот Нортумберланд во англискиот град Оклингтон постави висока мрежа околу зградата, со цел да ги спречи криминалците на своите другари-затвореници да им фрлаат во дворот киндер-јајца наполнети со дрога.

Откако ќе ја извадат играчката од јајцата, тие во нив ставаат дрога, а потоа „слатките изненадувања“ ги фрлаат во затворскиот двор со помош на машина за исфрлање тениски топчиња.

Тие ги користат овие чоколадни јајца бидејќи се доволно мали за да поминат низ мрежата, која Управата на затворот ја поставила за да спречи уфрлање на тениски топчиња наполнети со дрога.

– Проблемот е во тоа што тие имаат 24 часа дневно секој ден да смислуваат нови начини како да го надмудрат системот, што од време на време им успева, пишува весникот „Мирор“.

Затворот ХМП Нортумберланд се наоѓа под управа на француската компанија „Содексо“.

Во извештајот кој го објавил Инспекторатот за затвори на британската кралица се наведува дека речиси една третина од затворениците изјавиле дека забранетите дроги „многу лесно“ се набавуваат и дека во затворите илегално се произведува алкохол.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.