Висока стапка на смртност во Русија, причина е алкохолот

Високата стапка на смртност на мажите во Русија во релативно млади години е поврзано со фактот дека Русите премногу пијат алкохол, покажуваат истражувањата.

Дури 25 отсто од мажите во Русија умираат пред да наполнат 55 години и дека поголемиот дел смртни случаи е поврзан со прекумерно конзумирање на алкохол.

Во Велика Британија, само за споредба, таа стапка е само седум отсто.

Меѓу причините за смрт се болести на црниот дроб и труење со алкохол. Голем е процентот на жртви од сообраќајни несреќи или пак нивно вмешување во судири.