Високи дневни температури и во наредниот период

Продолжува периодот на стабилно време со високи дневни температури и во наредниот период.

Денес, во претпладневните часови ќе преовладува променливо облачно со подолги сончеви периоди во западните делови.

Попладне, како што најавува УХМР облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во источните делови и долж Повардарието умерен северозападен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Продолжува периодот на стабилно време со високи дневни температури

soncevo-esen-2

Продолжува периодот на стабилно и суво време со релативно високи дневни температури. Поради јужното струење по котлините ќе има појава на утринска магла.