Високо модерна еколошка леарница ќе се гради во Пробиштип

Прва леарница за железо и алуминиум во Македонија ќе започне да се гради до крајот на оваа година. Странската компанија Кранфилд Фаунди, која ќе инвестира во Пробиштип, ќе гради модерна високо автоматизирана еколошка леарница.

Нема да има негативно влијание врз животната средина

Од раководството уверуваат дека со иградбата и производство  нема  да има никакви негативни влијанија врз животната средина. Со цел да се  постигне максимална ефикасност во процесот на производство и да се задоволат сите еколошки стандари  согласно  домашната  и европската законската регулатива, проектот вклучува  соработка и со други реномирани западно европски компании.

Нашата инвестиција во Македонија која што ќе биде во Пробиштип  ќе биде огромна производствена компанија, леарница за железо , а ние ќе ја користиме најмодерната  и современа технологија  и современ менаџмент, а производствто ќе биде  еколошко. Посетивме слични компании во Унгарија, а вакви компании има во цела Европа, кои се стацинирани  или во градовите или се близу до градовите.  Поднесовме документи, ќе има  студија за влијанието врз животната средина, а ќе има јавна расправа во Пробиштип каде секој може да праша  било  што, изјави Дариус Џуба од Кранфилд Фаундри.

-Многу сме среќни што сме во Македонија,  ние сме компанија со долга традиција во овој бизнис  и баравме компанија која ке снабдува производи за европскиот пазар. Македонија  беше најдобртото место, има добра локација и е пријателски настроена земја кон бизнисот. Сакаме да вработиме високо квалификувана работна сила, вели Сергер Корчиња од Кранфилд Фаундри.

Министерот за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески истакна дека “Кранфилд Фаундри“  инвестира во Македонија, како резултат на добрата бизнис клима, производството  ќе биде наменето за автомобилската индустрија.

-Нашата цел  секако е кога би привлекувале компанија  која ке произведува автомобили, што е едена од нашите цели, да постои леарница  и се заокружува  тој добавувачки процес , граганите не треба да бидат вознемирени, сите ке бидат запазени со еколошките стандари. До сега источниот дел немаше поголем број на странски инвестиции, како што кажа самата компанија тие планираат да го рашират свето производство, посочи Павлески, министер за привлекување странски инвестиции.

Со изградбата на оваа леарница ќе се вработат 280 лица. Од компанијата истакнуваат дека  стартувале со првите вработувања.