Повторно многу загаден воздухот во Скопје, Тетово, Битола, Велес и во Кичево

Во Скопје, Велес, Тетово, Битола и Кичево, вечерва се регистрирани високи концентрации на ПМ10 во воздухот.

Според податоците на Националниот портал за квалитет на воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање во 19 часот се регистрирани многу високи концентрации на ПМ10 честичките на мерните станици во Гази Баба и Ректоратот во Скопје, во Тетово, Битола 1, Велес 2 и Кичево.

Високи концентрации се регистрирани и на мерните станици во Лисиче и во Карпош.

Надминувања на дозволеното количество на ПМ10 е регистрирано и вчера каде на овие мерни станици се регистрирани над 100 микрограми на метар кубен, а во Тетово 273 микрограми.

Максимално дозволеното е 35 микрограми.