Високонапонските трансформатори во Кисела вода ќе добијат унифициран изглед

Во општина Кисела Вода се изведува акција за бојадисување на високонапонските трансформатори за струја.

Преку Секторот за месна самоуправа и за соработка со невладин сектор, сезонските работници кои од утринава се на терен, своите активности ги изведуваат на главните сообраќајници во Кисела Вода.Трансформаторите за електрична енергија, кои се поставени на улицата “Христо Татарчев” и булеварот “Борис Трајковски”, ќе бидат бојадисани со зелена боја. Истата, е обезбедена како донација од компанијата “АДИНГ”.

Унифицираниот изглед на трансформаторите ќе го подобри ликот на овој дел на градот и ќе ја подигне естетиката на урбаното живеење.Општина Кисела Вода апелира до сите свои жители за совесно однесување, како подобрениот изглед на средината во која се одвива нивното секојдневие, би се зачувал што подолго.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.