Вишокот на залихи нафта исчезнал

Вишокот на залихи на нафта на светскиот пазар, кој три години вршеше притисок на цената на тој енергенс, речиси да исчезнал, пренесуваат медиумите.

Историскиот договор на ОПЕК за намалување на производството остварило импресивни резултати, бришејќи 97 посто од вишокот залихи на пазарот. Сепак, кратењата би требало да бидат продолжени бидејќи преостанува уште еден важен, а тоа е инвестициите во производство на нафта и гас да се вратат на задоволително ниво – изјавил саудискиот минисетр за енергетика Халид ал Фалих.

Со саудискиот министер се согласил и неговиот руски колега Александар Новак, кој тврди дека нема причини тие напори да се прекинат само затоа што е иницијална цел на договорот-залихите да се спуштат на петгодишен просек-на чекор до остварување.

Ги имаме нашите цели, но нема стриктна формула на основа на која ќе донесеме одлука, вели Новак пред новинарите на почетокот на заседанието на членките и нечленките на ОПЕК во градот Џеда, во Саудиска Арабија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.