петок, 28 април 2017  |  Вести денес: 34

„Вистина.мк“: Свири Јове, свири за мали пари…

Јове Кекеновски главната проба, овој пат, не музичка, туку политичка, му беа минатите избори кога дури четири партии кои настапија обединето на изборите собраа помалку од десет илјади гласови.

Screenshot_24-1

Последни вести

Јове Кекеновски веројатно го следи балканскиот мејнстрим каде што луѓе кој на овој или на оној начин станале познати во локалната средина добиле храброст да се опробаат и во политиката, но, тогаш доживуваат вистинското фијаско или будење…, пишува „Вистина.мк“.

На балканската политика сцена сме имале ликови како бодибилдери, келнери, музичари или комедијанти кои се обидувале да се пробијат во политиката. Во Македонија покрај Спанаќо, билдерот  Паљото во Битола кој сакаше да биде градоначалник, Драги Шпага кој на големо се сликаше со Шеќеринска и сакаше да успее во политика, попот Пимен кој подеднакво како и на сликањето е посветен на политиката, дипломатот  Кољо Дијамантот, примабалерината Најчевска, пливачот Александар Маленко кој сакаше да биде и претседател на државата, пробив на политичката сцена сакаше да направи и Јове Кекеновски, а главната каписла за успех му беа вештите прсти и верната хармоника.

Јове Кекеновски главната проба, овој пат, не музичка, туку политичка, му беа минатите избори кога дури четири партии кои настапија обединето на изборите собраа помалку од десет илјади гласови.

Вистината е дека Јове Кекеновски има повеќе партии сменето, отколку хармоники во животот. По таквите политички дебакли, на Јове му преостанува да ја збогати политичката сцена со еден мјузикл каде Јове би свирел, а балерината Најчевска би играла по нотите на хармониката на Кековновски. Оваа музичка коалиција сигурно би предизвикала поголемо внимание.

Најчитани вести