Вистината за оваа фотографија на принцот Вилијам и војвотката Кејт

Кога принцот Вилијам конечно ја побара за жена Кејт Миделтон, целиот свет ја обиколи фотографија од нивната веридба на која се среќни и прегрнати. Но, познатиот фотограф Марио Тестино, кој ги фотографираше, и беше личен фотограф на мајката на принцот, принцезата Дијана, за магазинот „Вог“ открил колку всушност било тешко да се дојде до таа слика.

„Се обидов два часа да направам совршена фотографија, но воопшто не бев задоволен. Кога решивме да завршиме со фотографирање Кејт и Вилијам беа застаната покрај радијатор и одеднаш се прегрнаа. Тогаш го зграпчив фотоапаратот и направив совршена фотографија. И сами гледате колку се чувствува спонтаност и емоции од оваа фотографија, на нивните лица можете да видите колку се вљубени,“ откри Тестино.

Марио кој е познат моден фотограф ја запозна Кејт во 2008 година, а Вилијам го познава од порано.

„Знаев дека ќе останат заедно и дека само е прашање на време кога ќе се венчаат. Се гледа дека се вљубени и среќни заедно,“ нагласи Марио.