Вистината за постизборниот инцидент во Свети Николе (ВИДЕО)

Во емисијата „Бумбар“ на ТВ Нова, полицаец од Свети Николе, раскажа потресно сведоштво за насилство врз него и вознемирување на неговото семејство од активисти на СДСМ, на денот на локалните избори.

Имено, вечерта, откако резултатите од гласањето биле објавени, како и победата на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Свети Николе, стотина активисти на СДСМ дошле пред зградата на полицаецот О.Ц. прославувајќи ја победата, но со цел да испровоцираат и на крај физички да го нападнат полицаецот. Toj и претходно добил закани дека по изборите „ќе го снема“, веројатно бидејќи не ја поддржувал нивната политичка опција.

Групата извикувала погрдни зборови за О.Ц., удирале со предмети по прозорците од станот и го вознемириле целото семејството. Откако, тој излегол во ходникот, обидувајќи се да ја смири ситуацијата, толпата грубо го извлекла пред зградата, физички го нападнала, додека неговиот малолетен син ги молел да го пуштат.

Додека полицијата го расветлува случајот, овој инцидент го објави Фокус, но, со сосема извртена приказна од тоа што го раскажува О.Ц.

Фокус објави дека полицаец во Свети Николе претепал граѓани кои ја славеле победата на Сашо Велковски, по што сам се пријавил во полиција.

„Полицаецот О.Ц. враоботен во полициската станица во Свети Николе, не бил работно ангажиран синоќа во 00.10 часот кога предизвикал нарушување на јавниот ред и мир додека и нападнал граѓани ја прославувале победата на Велковски.
Од МВР велат дека во инцидентот повредени се повеќе лица , кои побарале помош во Медицински центар Свети Николе.
По настанот, полицискиот службеник сам се пријавил во полициската станица во Свети Николе“.

Во продолжение слушнете го личното сведоштво на полицаецот:

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.