По што се препознава вистинската дама?

По што се препознава вистинската дама?

Не е лесно да бидете жена со стил, но со малку труд е возможно. Таа се препознава по непретенциониот, но совршен стил. Таа пред се е образована и добро одгледана, а врз тоа почиваат одликите на нејзиниот физички изглед.

Вистинската дама не ја прати слепо модата, таа нема пример, туку добро се познава себе си. Своја е. Не блефира. Затоа поимот дама сепак не е старовремски. Вредностите по кои се препознава се вечни и секогаш треба да ги имате на ум.

По што се препознава вистинската дама?
По што се препознава вистинската дама?

Нежни раце и средени нокти

Рацете негувајте ги континуирано. После секое миење намачкајте ги со крема, а еднаш неделно направете пилинг. Редовно средувајте ги ноктите, а ако немате толку време налакирајте се барем со безбоен лак.

Здрава коса

Косата пред се мора да биде чиста, а потоа и негувана. Така да, редовното поткастрување е задолжително бидејќи расцветаните врвови се недопустливи. Ако се фарбате, правете го тоа редовно и со квалитетна боја.

Прекрасен тен

Не постои ситуација во која може да си дозволите да не го исчистите лицето наутро и навечер. Еднаш неделно правете пилинг, а доколку можете, редовно одете на козметичар. Подобро да се откажете од крпчињата, отколку од убавата кожа.

Здрави заби

За да имате пријатен здив, треба редовно да ги миете забите и здраво да се хранете. Посетите на стоматолог се подразбираат.

Секогаш чиста

Ако ја преферирате титулата дама, мора да се туширате секој ден, дури и два пати дневно. Облеката мора да биде чиста и испеглана, а долниот веш убав, квалитетен и никако распаран. Парфемот не треба да биде модерен, туку онаков кој ве опишува вас.

Шминка

Свечената шминка е за навечер, нежната за преку ден – до тоа се држат дамите. Боите кои се наметнати од трендот не доаѓаат предвид ако не ви одговараат. Никогаш не поправајте ја шминката на јавно место.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.