четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 0

Вистинската борба за македонска Македонија започннува по 11 декември

StefanVlahovMitcov

Стефан Влахов – Мицов

За почеток да се потсетиме на една позната приказна. Сакале некого да го казнат, па му дале можност на избор: да изеде една торба сол, да му удрат сто стапа или да плати сто жолтици. Најпрвин прифатил да ја изеде солта ама докрај неиздржал, па се откажал. Не успел да ги издржи ниту стаповите, на крај, казната ја платил со сто жолтици. Ако имал такво богатство значи не бил беден, ама испаднал глуп.

Од две причини.

Сакал да изигрува итроманство или кажано на друг начин – да го бара помалото зло. Втората причина која сите нема да ја погодиме. Мааната на човекот (како и на народот) не била во тоа дека не издржал докрај. Каде е гаранцијата, што доколку ја изедел солта, па немало ли да го натепат? Морал да направи друго: да ја прифати играта на странските џелати, да побара сол и стапови за да може да бира, потоа да ја фрли солта во очите на раскомотените странци и да удри врз нив со стаповите. Само што немал ниту памет, ниту храброст за тоа.

Денешната состојба во Македонија сосема одговара на таа приказна. Тоа го потврдуваат изминатите 25 години.

ПОМАЛКУ ОД ЕДНА НЕДЕЛА ПРЕД ИЗБОРИТЕ, БРАНИТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ИМЕ (ИДЕНТИТЕТ) И НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА СЕ ОПКРУЖЕНИ ОД ЗДРУЖЕНИ НЕПРИЈАТЕЛСКИ ОРДИ, КОИ САКАТ ЦЕЛОСНО ДА НЕ УНИШТАТ, ВКЛУЧИТЕЛНО И ФИЗИЧКИ.

Сега нема потреба да зборувам по којзнае којпат за СТРАТЕШКИТЕ ПОГРЕШКИ кои ги направи владејачката партија во последните десет (а уште повеќе во последните две и пол) години. Во прашање е што да се направи во деновите до 11 декември и потоа:

ПРВО, НА ОСТАНАТИТЕ МИТИНЗИ НА ВМРО-ДПМНЕ НИКОЛА ГРУЕВСКИ ДИРЕКТНО ДА ОБЈАВИ ДЕКА ПО ИЗБОРИТЕ ПАРТИЈАТА НЕМА ДА ПРАВИ КОАЛИЦИЈА СО НИТУ ЕДНА АЛБАНСКА ПАРТИЈА И СО НИЕДНА МАКЕДОНСКА, КОЈА ПРИФАЌА МЕНУВАЊЕ НА ИМЕТО, ДВОЈАЗИЧНОСТ, КАНТОНИЗАЦИЈА И РЕДИФИНИРАЊЕ НА ДРЖАВАТА. И ВРЗ ТОА ВЕТУВАЊЕ ДА ПОБАРА АПСОЛУТНО МНОЗИНСТВО ВО СОБРАНИЕТО.

ВТОРО, ГРУЕВСКИ ДА КАЖЕ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ПО НИЕДНА ЦЕНА НЕМА ДА ДОПУШТИ АЛБАНИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА И ДА ПОБАРА ПОДДРШКА ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

ТРЕТО, ДА БИДЕ НАЈАВЕНО ДЕКА АКО ВМРО-ДПМНЕ ДОБИЕ МОЖНОСТ ДА СОЗДАДЕ ЧИСТО МАКЕДОНСКА ВЛАДА, СИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ДРЖАВАТА ЌЕ БИДАТ ДАДЕНИ НА СУД, ПРАТЕНИ ВО ЗАТВОР, А НИВНАТА СОПСТВЕНОСТ И БАНКАРСКИ СМЕТКИ ЌЕ БИДАТ КОНФИСКУВАНИ И ПАРИТЕ ДАДЕНИ НА НЕВРАБОТЕНИТЕ МАКЕДОНЦИ.

ЧЕТВРТО, ДА БИДЕ НАЈАВЕНО ДЕКА НОВАТА ВЛАДА НА ВМРО-ДПМНЕ  ЌЕ ГИ ЗАБРАНИ СИТЕ СОРОСОВИ И ОСТАНАТИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА КОИ ДОБИВАТ ПАРИ ЗА ДА ЈА УРИВААТ ДРЖАВАТА, ЌЕ ГИ КОНФИСКУВА НИВНИТЕ РЕСУРСИ И ПАРИТЕ ЌЕ ГИ ДАДЕ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ.

ПЕТТО, ДА БИДЕ НАЈАВЕНО ДЕКА НОВАТА ВЛАДА НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ДОНЕСЕ ЗАКОН СО КОЈ ПРАТЕНИЦИТЕ ВО СОБРАНИЕТО ЌЕ ДОБИВААТ ТОЛКАВА ПЛАТА, КОЛКУ ШТО Е ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА. ТОА ПРАВИЛО МОРА ДА ВАЖИ И ЗА ОСТАНАТИТЕ ВИШИ ИНСТИТУЦИИ И СЛУЖБЕНИЦИ, ЗАТОА ШТО СЛУЖБЕНИКОТ МОРА ДА СЛУЖИ, А НЕ ДА СЕ ЗБОГАТУВА ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

ШЕСТО, ДА БИДЕ НАЈАВЕНО ДЕКА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА ЌЕ ЈА РЕДЕФИНИРА СВОЈАТА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА ИСКЛУЧИВО ВО ИНТЕРЕС НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ЌЕ БИДАТ ПРОТЕРУВАНИ ОД МАКЕДОНИЈА СИТЕ СТРАНСКИ ДИПЛОМАТИ КОИ ЌЕ СЕ МЕШАТ ВО МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ.

СЕДМО, ДА БИДЕ НАЈАВЕНО ДЕКА НОВАТА ВЛАДА НА ВМРО-ДПМНЕ  ЌЕ СПРОВЕДЕ ИТЕН ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО МАКЕДОНИЈА И ОДНОСОТ КОН ЗАЕДНИЦИТЕ (МАЛЦИНСТВАТА) ЌЕ БИДЕ ДЕФИНИРАН СПОРЕД ТОЈ ПОПИС И СПОРЕД ЕВРОПСКОТО ЗАКОНОДАВСТВО.

Ако во останатите денови до 11 декември кампањата на ВМРО-ДПМНЕ се одвива во тој правец (во контекст сите спомнати аспекти), има изгледи во последен миг оваа партија да добие 63 пратеници во Собранието. Со досегашната кампања ПРЕКУ СИЛА МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЈАТ НЕ ПОВЕЌЕ ОД 55 ПРАТЕНИЦИ.

Добивањето на 63 пратеници ќе биде добивање на првата битка, по која ќе следуват други: за формирање на самостојна влада, за спроведување на ветеното погоре.

МОРА СИТЕ ДА СФАТАТ ДЕКА ВИСТИНСКАТА БОРБА ЗА МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЛЕДУВА ПО 11 ДЕКЕМВРИ. ТАКА ШТО, ДУРИ И ДА НЕ ГО ДОБИЕ ПОТРЕБНОТО МНОЗИНСТВО, СО ГОРНИТЕ НАЈАВИ И ВЕТУВАЊА ВМРО-ДПМНЕ ПРАКТИЧНО ЌЕ СЕ ИСТАКНЕ КАКО МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА ПАРТИЈА И ЌЕ УСПЕЕ ДА ГИ ОБЕДИНИ ПАТРИОТИТЕ КАЈ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗА ИДНАТА ЖЕСТОКА БОРБА. ВО СПРОТИВНО, АКО ПРОДОЛЖИ ДА КАЛКУЛИРА КАКО ДОСЕГА И ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ЈА СНЕМА КАКО И СДСМ. ЗАТОА ШТО ПАРТИИТЕ СЕ СОЗДАВАТ И УМИРАТ, А МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е ВЕЧЕН.

ЗА МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА ДО СМРТ И ДУРИ ОТТАМУ СМРТТА!

Најчитани вести