Вистинската фризура за летните денови

Една од најпопуларните и најпрактични летни фризури, коњското опавче, не бара премногу време за обликување и секогаш може да ве спаси од горештините и што исто така е важно, ќе изгледате модерно и секси.

Доколку имате пократка коса и кркми, едноставно кренете високо опавче на врвот на главата, врзете го со плишан стегаш што нема да ја кубе косата, а потоа додадете украсна шнола.

Ако имате подолга коса зачешлајте ја од лицето, потоа кренете го опавчето и закачете го со стегач, а потоа можете да го обвиткате со прамени коса.

Оние што сакаат плетенки може да ја кренат косата во високо опавче, а потоа од него да исплетат плетенка.

Две лежерни плетенки сплетени од патецот може да се спојат во пониско коњско опавче, со тоа што косата на темето е благо крената или благо натапирана во ретро стил.