Вистински пролетни температури во следните денови

За време на овој викенд, како и за првите денови од следната недела, ќе преовладува стабилно, суво и топло време, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре најстудено ќе биде во Маврово со максимални пет степени, додека најтопло ќе биде во Гевгелија со температура до 14 степени. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 10-от степен.

За в недела се очекува слично време со температура од 12 до 17 степени.

Стабилното, суво и топло време ќе се задржи и во следните денови, кога температурата ќе се движи околу 20-от степен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.