ФОТО: Овој човек е вистинскиот „мозок“ на нападите во Париз

Францускиот државјанин Салим Бенгхалем е „мозокот“ на нападите во Париз, според Конозрциумот за анализа и истражување на тероризмот, а не Белгиецот Абделхамид Абуд, пишува „Раша тудеј“.

Салим Бенгхалем беше „мозокот“ кој стои зад нападите од 13-ти ноември годинава, а Абделхамуд Абуд бил само „координатор“, тврди Конозрциумот за анализа и истражување на тероризмот за белгискиот весник Де Морген.

Бенгхалем ги организирал нападите од сирија, каде живее од 2013-тата година, според Конзорциумот.

Тоа што се опишува како група или ќелија всушност е голема компанија што ја користи истата логистичка мрежа за да ги донесе нејзините терористи од Сирија во Европа, вели директорот на Конзорциумот Вериан Кан за Де Морген.

Таа додава дека Белгиецот Абделхамид Абуд кој беше убиен за време на операцијата во Сен Дени на 18-ти ноември не бил способен, според нивните информации, да изведе толку големи напади.

Овој човек е вистинскиот „мозок“ на нападите во Париз
Овој човек е вистинскиот „мозок“ на нападите во Париз

Клучната џихадистичка фигура, 35-годишниот Салим Бенгхалем, за прв пат бил задржав во Франција во 2002-та година и бил обвинет за убиство кое настанало при пресметка на две банди.

Тој бил во притвор 5 години, а потоа бил обвинет на 11 години затворска казна во 2007-мата година. Неговата радикализација започнала додека бил во затвор, наводно, благодарение на неговиот цимер во затворската ќелија Мохамед Ел Ајоуни, член на радикална група.

Браќата Куачи, кои ги изведоа нападите на Шарли Ебдо биле членови на истата група.

Бенгхалем исто така се верува дека е поврзан и со Мехди Немуч, напаѓачот за кој се верува дека застрелал четири лица во Еврејскиот Музеј во Брисел во мај 2014-тата година.

Бенгхалем бил ослободен од затвор поради „добро однесување“ во 2010-тата. Наводно заминал во сирија во април 2013-тата.

Тој се појавува и на видеснимката од јануари 2015-тата во која ги повика муслиманите од Франција да изведат терористички напади во Франција.

Бенгхалем во отуство беше осуден на 15 години затвор поради промовирање на џихадистичката мрежа во Сирија. Тој исто така е баран со меѓународна потерница и се наоѓа на црната листа на САД, каде е опишан како џелат на ИД.