Вистинско чудо: На бебе му се одвоила главата од телото, лекарите го спасиле!

Вистинско чудо: На бебе му се одвоила главата од телото, лекарите го спасиле!
Вистинско чудо: На бебе му се одвоила главата од телото, лекарите го спасиле!

Австралиски хирурзи прицврстиле глава на бебе која се одвоила од вратот при сообраќајна несреќа.

16-месечниот Џејсон Тејлор бил во автомобилот со својата мајка и сестра кога се судриле со друго возило. Ударот бил толку многу силен што на бебето му се скршиле два вратни пршлени, како и клучната коска, што довело до т.н. атланто-окципитална дислокација, односно одвојување на черепот од вратот.

Хирургот др. Џеф Ескин и неговиот тим ги споиле неговите пршлени во операција која траела шест часа.

Многу деца не би преживеале таква повреда, а и да преживеат можеби никогаш не би можеле да се помрднат , нити да дишат, рекол др. Ескин.

Малиот Џејсон во следните два месеци ќе мора да носи конструкција која треба да помогне коските да зараснат. Лекарите вел дека после тоа тој ќе може нормално да живее.