Вистинско ремек дело на Марио Балотели

Вистинско ремек дело, еврогол од 30 метри постигна најголемата ѕвезда во дресот на италијанскиот калчо гигант Милан, Марио Балотели.

Репрезентативецот на Италија го постигна единствениот погодок на премиерниот натпревар од 24. коло во италијанската Серија А и е најзаслужен за минималниот триумф над гостинската екипа на Болоња која одлично се бранеше до 86 минута од натпреварот.

“Приметив дека противничкиот голман е малку излезен. Упатив удар со сета сила и за среќа топката заврши во противничката мрежа. Убав погодок. Среќен сум што тренерот верува во мене и свесен сум дека јас сум тој кој треба да го влечи тимот нанапред, јас ја имам таа одговорност да постигнувам погодоци”, изјави Балотели.

Денеска ќе биде одигран само еден натпревар, но дуелот во Фиренца помеѓу големите ривали Фиорентина и Интер сигурно ќе привлече големо винимание.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.