Виталиј Кличко и’ стави крај на кариерата

Светскиот шампион во бокс во тешка категорија во верзијата ВБЦ, Украинецот Виталиј Кличко, донесе конечна одлука да и стави крај на својата богата кариера. Тој одлучи засекогаш да се симне од рингот, бидејќи подолго време е активен на политичката сцена на Украина, а недамна најви и дека планира да кандидира за претседател на Украина на изборите во 2015 година.

„Голема благодарност до ВБЦ на подршката во борба за демокрастијата и слбодата во Украина. Имам понуда да се вратам во рингот, но моментно тоа е невозможно. Сега сум преокупиран со политиката во Украина и чувствувам дека му требам на својот народ “, изјави 42 -годишниот Кличко.

Украинецот во совјата кариера има добиено 45 борби, од кои 41 со нокаут. Има само два порази, двата поради повреда во текот на борбата.