петок, 13 јануари 2017  |  Вести денес: 51

Витаминка прослави 60 години постоење со своите вработени и нивните семејства

Со повеќе од 600 вработени и нивните семејства Витаминка го прослави 60-годишното успешно работење на македонскиот пазар. Под мотото „Витаминка е моето семејство“ со многу забава, подароци за вработените и нивните семејства, детско катче за најмалите во кругот на компанијата беше одбележан големиот и значаен јубилеј.

60 godini Vitaminka 1

Последни вести

Со повеќе од 600 вработени и нивните семејства Витаминка го прослави 60-годишното успешно работење на македонскиот пазар. Под мотото „Витаминка е моето семејство“ со многу забава, подароци за вработените и нивните семејства, детско катче за најмалите во кругот на компанијата беше одбележан големиот и значаен јубилеј.

Пред вработените се обрати Симон Наумоски, Претседател на Одборот на директори на Витаминка, кој истакна:

Досегашното, 42-годишно искуство во Витаминка ме научи дека внимателното, грижливо и домаќинско работење секогаш се исплатува. Во моето време поминато во компанијата, а тоа го вклучува и сегашното, имало секакви моменти и лесни и тешки. Но, секогаш сум имал среќа околу себе да имам вредни и паметни соработници, вработени кои што верувале на одлуките од раководството и кои што бескомпромисно се посветувале на обврските и одговорно работеле. Сите овие врвни вредности придонесоа денес Витаминка да биде еден од најуспешните производствени капацитети и лидер на македонскиот кондиторски пазар. Заслугата, а воедно и благодарноста за денешниот успех ја упатувам на вас и сите досегашни вработени, што биле дел од ова големо семејство и што придонеле за растење на оваа вистински вредна и за нас скапоцена приказна наречена Витаминка.

60 godini Vitaminka 2

Денес Витаминка претставува голем македонски бренд во деловниот свет и компанија зад која стојат голем број познати и изградени брендови. Својата лидерска позиција на домашниот пазар ја аргументира со добро изграден корпоративен бренд кој се поистоветува со национална вредност, врвен квалитет и традиција. Под слоганот на компанијата „Свет на вкусови” се наоѓа широката палета од околу 350 типови пакувања. Највпечатливи и најпознати брендови на Витаминка се популарните и вонвременски Стоби Флипс, инстант витаминскиот пијалак Цевитана, чоколадните морски школки со уникатен и квалитетен вкус Атлантис, Витанез, кечап и секако додатокот за јадења, Дафинка.

Зад нас стојат вистински резултати, производи кои се развивале со години, бидејќи зад нас стојат нашите вработени. Затоа сме најдобри. Не сме само лидери во Македонија, туку и во регионот. Покажавме дека е можно македонски производи да бидат конкурентни, да бидат високо квалитетни и на исто ниво со светските брендови. Тоа е поради сите нас кои секојдневно придонесуваме, се обидуваме да одиме чекор понапред од барањата на потрошувачите и истовремено функционираме како едно големо семејство. На тоа се додаваат постојаните инвестиции во високо технолошко производство и континуираната едукација на вработените. Заедно направивме многу, а сигурен сум во иднина дека ќе направиме уште повеќе. Витаминка е на пат да постигне уште многу успеси, истакна Сашо Наумоски, Генералниот извршен директор на Витаминка по повод прославата.

60 godini Vitaminka

Успешната приказна на Витаминка започна во 1956 година како компанија за црвен мелен пипер. Производството на само еден производен асортиман беше доволно за цели 18 години успешно работење, се до 1974 година. Со новопоставена бизнис стратегија, развивање на нови производи, отворање нови пазари и континуирани инвестиции во производството, компанијата започна да го гради својот пат кон успехот, прераснувајќи во лидер во прехранбената индустрија на македонскиот пазар. Покрај зацврстувањето на позицијата на домашниот пазар, паралелно и интензивно растеше и присуството на странските пазари каде што во повеќе од 30 земји во светот, пласира околу 45% од своето годишно производство.

Витаминка стана една од најсилните македонски компании и претставува вистински репрезент на квалитетни прехранбени производи. Покрај позитивниот импакт во националната економија, не помалку важно е значењето на Витаминка во унапредувањето на локалната економија преку големиот број вработени и дополнителниот синџир на соработници.

Најчитани вести