Витанов: Не се плашам од заканите за кривична пријава

Не се плашам од заканите за кривична пријава, вели советникот на СДСМ во општина Неготино, Диме Витанов, за кого вчера директорот на Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски објави дека се преставувал во негово име и од членови  и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ барал список со имиња на 10 неопределени граѓани кои би гласале за ВМРО ДПМНЕ.

Витанов тврди дека тоа било разговор меѓу него и негов пријател.

„Да се користи разговор со пријател како наводен скандал е долно, срамно и пред се недозволиво. Сега е јасно зошто К-15 повеќе не се емитува! Во држава, со којашто раководи оваа гарнитура на власт, нема шала“, вели Витанов.