Витанов: Со зголемената акциза ја плаќаме партиската војска на СДСМ која ќе се вработува во администрацијата

Буџетот е еден од најбруталните и најнекреативните буџети кои некогаш Македонија го имала и не ветува голем раст во наредната година и дека проектираниот раст на бруто домашен производ (БДП) од 3,5 отсто е нереален, рече во средата мисијата АлфаСкоп на телевизија Афла гостуваше Зоран Витанов од Асоцијација на менаџери на Репубика Македонија.

Според него, 1,5 отсто изнесува стапката на раст на БДП и истакна дека и таа е оптимистична. Исто така кажа дека премиерот нема структура и добар план и економски мерки за раст на економијата.

Витанов на прашање дали зголемувањето на акацизата за нафтата е добра мерка истакна дека оваа мерка е директен удар врз граѓаните, потенцираше дека било која економска мерка ако како краен ефект нема резултат покачување на стандарот и на економијата воопшто таа е неефикасна мерка.

Рече дека и мерката не само што не го качува стандардот туку дека е себична и дека дирекно удира по џебот на граѓаните за задоволување на партиските апетити.

Витанов потенцираше дека оваа мерка директно им штети на сите граѓани вклучувајќи го и него и дека затоа нема смисла да ја поддржува. Имено, најавени се нови вработувања во администрацијата кои Зоран Витанов не ги поддржува.

„Испаѓа дека ние со тие 3,5 денари плус треба да ја плаќаме партиската војска“, заклучи Витанов.

На прашање дали мерката покачување на акцизата ќе предизвика инфлација, Витанов изјави дека во првата фаза нема да се почувствуваат поскапувања, но дека покачувањата значително ќе се почувствуваат на крајот на 2018-та година и најмногу ќе ги почувствуваат најсиромашните.

Исто така коментираше за падот на девизните резерви од 27 милиони евра и укажа дека македонските граѓани треба да се сериозно загрижени за оваа состојба. Витанов ја спореди националната економија со едно домаќинство и истакна дека кога нема база или полно „чекмеже“ дома односно немате ништо под перница, а притоа се земаат кредити и задолжувањата заради непродуктивни трошења како одење на одмор, вели, нема иднина за таквото домаќинство односно за таквата економија.

Витанов рече дека непотребни и загрижувачки се трошењата за вработувања во администрацијата кои се наменети за партиски војници на СДСМ и дека ја уништуваат економијата.