„Виз ер“ со нов лет од Охрид до лондонскиот аеродром „Лутон“

Ниско-буџетна авиокомпанија „Виз ер“, најави летови до нови дестинаии и во Охрид. Новата услуга до лондонскиот аеродром „Лутон“ ќе започне на 14 јуни, со 2 нови лета неделно, кои ќе се спроведуваат во во среда и недела.

„Виз ер“ во јануари најави нови летови од вториот македонски аеродром, кои ќе започнат на 1 јули со лет до Базел Мулхаус – Фрајбург. Со новата услуга Охрид – Лондон Лутон, „Виз ер“ во моментов нуди вкупно 21 линија до девет земји од аеродромите во Скопје и во Охрид.

                                    НАЈНОВАТА РУТА НА ВИЗЕР ОД ОХРИД:

Дестинација Денови Започнува од Цени од***
Лондон Лутон Среда, Недела 14 Јуни 1,499 МКД