„Виз-ер“ со пет нови летови од септември

Најголемата ниско-буџетна авио компанија во Централна и Источна Европа, „Виз-ер“, денеска објави дека на 14 септември 2015 ќе ја отвори својата 21-ва база во Лублин (Полска), со еден нов Airbus A320 со што ќе го зголеми обемот на своите услуги во Полска.

Компанијата е веќе присутна со своите „Виз“ летови во Лублин и ќе биде 6-тата база на „Виз-ер“ во Полска. Новиот авион ќе го зголеми бројот на летови од Лублин на 6, а исто така ќе го зголеми и годишниот капацитет за превоз на патници за 115%. Она што се очекува е и стимулација на локалниот пазар на труд во секторите на авио сообраќајот и туризмот, а истовремено корисниците ќе имаат пристап до повеќе ниско-буџетни летови.

„Виз“ ќе лета на 3 нови дестинации од новата база во Лублин за Брисел Шарлероа, Донкастер Шефилд и Глазгов, почнувајќи од 14 септември со што ќе има 3 нови лета неделно. Бројот на летови од Лублин на веќе познатите дестинации за Лондон Лутин и Осло Торпвил, исто така, ќе се зголеми.

Компанијата објави и нова линија од Вроцлав до Стокхолм Скавста, како и продолжување на линијата од Познан до Милано Бергамо преку целата година, и во двата случаи, почнувајќи од 15 септември 2015.

Како резултат на наброените активности, Wizz Air сега нуди вкупно 113 лета од Полска до  20 земји од седум полски аеродроми. Билетите за новите летови се веќе пуштени во продажба по цена од само 39** полски злоти, а резервација може да се направи на wizzair.com.

 

„ВИЗ-ЕР“ НОВИ РУТИ ОД ЛУБЛИН:

Дестинација Ден Почнувајќи од Цени од**
Брисел Шарлероа Пон, Пет 14 Септ PLN 39
Донкастер Шефилд Вто, Чет, Саб 15 Септ PLN 79
Глазгов Сре, Нед 16 Септ PLN 79

 


„ВИЗ-ЕР“ ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЛЕТОВИ ОД ЛУБЛИН:

 

Дестинација Неделни летови Од
Лондон Лутон од 5 на 7 15 Септ
Осло Торп од 3 на 4 21 Дек

 

„ВИЗ-ЕР“ НОВИ РУТИ ОД ВРОЦЛАВ И ПОЗНАН :

Рута Ден Почнувајќи од Цена од **
Вроцлав – Стокхолм Скавста Вто, Саб 15 Сеп PLN39
Познан – Милано Бергамо Вто, Саб 15 Сеп PLN39