„Виза“ и „Мастеркард“ повеќе не можат да се користат во руските банки

Американските компании за банкарски картички „Виза“ и „Мастеркард“ престанаа да ги опслужуват клиентите на неколку руски банки, откако САД воведоа нови санкции против Русија, пренесе „АФП“.

Во свое соопштение банка „Россија“, што е меѓу цензуриран од компаниите во Вашингтон, соопшти дека без предупредување „Виза“ и „Мастеркард“ престанаа да вршат плаќања на нејзините клиенти. Погодени се уште клиентите на „Собинбанк“ и „СМП“, тие ќе можат да повлечат пари само од банкомати, што се во сопственост на овие банки.