Балкан

Вкупниот долг на Хрватска е 46,2 милијарди евра

Вкупниот долг на Хрватска е 46,2 милијарди евра

Вкупната задолженост на Хрватска кон странство, според податоците на Хрватската народна банка, за првата половина од минатата година изнесува 46,2 милијарди евра, рекол хрватскиот министер за финансии, Славко Линиќ.

Тој навел дека во тој износ, кој што е 104 отсто од вредноста на бруто домашниот производ, влегуваат долговите на државата, банките, фирмите и граѓаните.

Тој додал дека Хрватската народна банка презема низа мерки за обезбеудвање на потребната ликвидност, но дека кредитната активност на банките се’ уште не е оживеана, на што влијаела малата побарувачка на граѓаните и бизнис секторот.