Вкупно 11 стада се заболени од Чвореста кожа

Вкупниот број на афектирани животни од болеста Чвореста кожа заклучно со вчера се околу 192, односно зафатени се 11 стада информираат од РЦУК.

Поради појавата и ширењето на болеста Чвореста кожа (БЧК) кај говедата која се појави во изминатите месеци во соседните држави Бугарија и Грција и поради постоењето на реална опасност и сериозна закана и за Република Македонија ввчера во просторите на Агенцијата за храна и ветеринарство се одржа состанок на највисоко ниво со претставници од сите релевантни институции кои согласно Законот за ветеринарно здравство се вклучени во спроведувањето на плановите за итни мерки а со цел за сузбивање и искоренување на истата.

На состанокот директорот на АХВ Зоран Поповски, како што посочуваат од РЦУК, информирал за појавата на дополнителни нови жаришта, дека покрај веќе појавените во Делчево, Радовишко, Штипско и Демир Капија за кои и лаборатoриски е потврдено постоење на болеста кај добитокот, потврдени се уште 3 нови региони и за две места постојат само сомнеж тоа :

  • Регион Струмица, општина Босилево (с.Иловица и с. Моноспитово),
  • Регион Струмица, општина Василево (населено место с. Висока Мала), за кои има потврда од лабораториски испитувања,
  • Општина Прилеп (с. Канатларци), појава на сомнеж се чека резултат од лапаротомија.

Вкупниот број на афектирани животни од БЧК заклучно со вчера се околу 192, односно зафатени се 11 стада. Досегашните искуства укажуваат дека единствена заштита е вакцинирањето на животните но период на пристигнувањето и набавувањето на вакцината е околу 1 до 3 месеци.

Со цел за сузбивање и спречување на ширење на болеста, воспоставени се три заштитни зони во радиус од три, десет и 50 км околу жариштата, потоа изработени се и доставени Упатство за примена на биосигурносни мерки на одгледувалиштата/фармите за заштита на животните од убоди од инсекти и безбедно користење на ѓубриво од животинско потекло и останати сет мерки кои можат да ја загрозат состојбата на животните.

За досегашните состојби АХВ ја информирала Владата на РМ, остварени се средби со Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, испратено е допис до ЦУК за предлог барање за прогласување кризна состојба во одредени региони за кој Директорот на АХВ кажа дека нема повратен одговор кога ќе биде свикан Управувачкиот комитет за да утврди дали ќе се прифати предлогот за прогласување на кризна состојба.

На состанокот било информирано дека засега не е обезбедена механизација за нештетно отстранување на заболените и угинатите животни но во тек се превземаат мерки и активности за да истата се обезбеди и започне процесот на отстранување на животните во регионите каде и лабораториски е потврдена БЧК.