сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 0

Вкупно 113 погодоци во последното коло од Јуниор лигата

На терените на Фудбалска Академија на Вардар во Градскиот Парк, се одигра последното коло од пролетната полусезона во Вардар Јуниор лигата.

junior-liga

Поврзани вести

На терените на Фудбалска Академија на Вардар во Градскиот Парк, се одигра последното коло од пролетната полусезона во Вардар Јуниор лигата.

На турнирот, покрај младите надежи на ФК Вардар, родени од 2003 до 2006 година, исто така настапија и регионалните единици од Охрид, Куманово, Прилеп, Виница и Велес, како и скопските паралелки од екипите на Ново Лисиче, Спортефе и Форца.

Меѓу присутните имаше многу познати фудбалски имиња, а родителите, тренерите, како и останатите љубители на фудбалот, имаа можност да проследат 19 натпревари во четирите возрасни категории, на кои беа постигнати 113 погодоци, односно во просек 5.9 по одигран меч.

Највисоката победа ја забележаа вардаровите пулени од највозрасната генерација (2003), кои ги надиграа нивните врсници од екипата на Слога Виница, со убедливи 19-0. Сепак, дуелот помеѓу две години помладите момчиња од истите екипи (генерација 2005), беше далеку понеизвесен и заврши со нерешен исход 2-2. Резултат беше идентичен и на дуелот помеѓу ФК Прилеп и Спортефе (генереција 2004). Овие две средби беа единствените на кои немаше (резултатски) победник и оттука, со право го понесоа епитетот на најинтересни.

На крајот на краиштата, по осумте успешно организарини пролетни турнири, победници се сите дечиња кои вредно тренираат во фудбалските школи, ширум нашата татковина. Токму тие се иднината, не само на ФК Вардар, туку и на македонската репрезентација . Со еден збор кажано, победник е фудбалот во Република Македонија.

Во продолжение можете да ги погледнете конкретните резултати и составите од денешните натпревари:

Генерација 2003:

Ново Лисиче – Еуроспорт Куманово 4-1

ФК Вардар – Слога Виница 19-0

Еврофудбал Охрид – Еуроспорт Куманово  7-1

ФК Вардар – Ново Лисиче 11-0

Еврофудбал Охрид – Слога Виница 6-2

Генерација 2004:

ФК Вардар – Борец Велес 3-1

ФК Прилеп – Спортефе Скопје 2-2

ФК Вардар – ФК Прилеп 7-1

Борец Велес – Спортефе Скопје 2-3

Генерација 2005:

ФК Вардар – Слога Виница 2-2

Ново Лисиче – ФК Прилеп 0-1

Форца Скопје – Еврофудбал Охрид 2-1

Слога Виница – Форца Скопје 2-4

ФК Вардар – Ново Лисиче 3-0

ФК Прилеп – Еврофудбал Охрид 2-1

Генерација 2006:

ФК Вардар – Ново Лисиче 4-1

Еуроспорт Куманово – Форца Скопје 0-1

ФК Вардар – Еуроспорт Куманово  7-1

Ново Лисиче – Форца Скопје 2-5

Состави, генерација 2003:

ФК Вардар: Стојковски, Марковски, Ѓоргоски, Стојчeвски, Ѓорѓиевски, Бошковски, Стојановски, Јовановски, Прелоговски, Ќосески, Јордановски, Јовчев, Селјанац, Јаневски, Петрушевски, Пашариковски, Тасевски, Петковски, Андреев, Трпезановски.

Еуроспорт Куманово: Милорад Илиевски, Милан Илиевски, Божиновски, Лазаревски, Јакимовски, Пешевски, Круневски, Станојковски, Стаменковски, Арсиќ, Драгевски.

Ново Лисиче: Мицев, Тарчуговски, Ивановски, Димовски, Трајковски, Ѓорѓиев, Спасовски, Стојановски, Ставрев, Ди Лева, Павловска.

Состави, генерација 2004:

ФК Прилеп: Ацески, Поп-Антовски, Стојчески, Јорданоски, Тасески, Гулески, Димоски, Тркалески, Варошаноски.

Спортефе: Стојановски, Димитриевски, Бокан, Зафировски, Митовски, Михајловски, Стојанов, Николовски, Стојковиќ, Милованов, Симиќ, Валчанов.

ФК Вардар: Сурлов, Ивановски, Софијановски, Каровски, Јаневски, Перковски, Љушев, Поповски, Василев, Тасев, Ричков, Здравковски, Стојановски, Анчевски, Стоилков, Милошевски, Павлески, Попов.

Борец Јуниор: Ахмети, Јованов, Јорданов, Зејнилов, Крстевски, Перчинков, Имеров, Брзаков, Муса.

Состави, генерација 2005:

Ново Лисиче: Саздановски, Каровски, Гавриловски, Џерков, Милевски, Филиповски, Јосифов, Бундалески, Стефановиќ, Стојаноски, Станоев, Стефковски.

ФК Прилеп: Мариновски, Нанчески, Паноски, А. Аризанкоски, М. Аризанкоски, Јованоски, Миланоски, Димкоски, Ајроски.

ФК Вардар: Бреслиев, Николовски, Фидановски, Здравковски, Спасиќ, Дошев, Јовановски, Јакимовски, Величковски, Сековски, Лефковски, Кулуковски, Серафимов.

Слога Виница: Арсов, Стојменов, Ефтимов, Спасов, Иванов, Лазаров, Темелков, Ефремов.

Форца: Цашиќ, Теновски, Веселинов, Стојковски, Стојчевски, Јаневски, Уневски, Мехмети, А. Славков, М. Славков, Милошевиќ.

Охрид: Диел, Алчески, Трифуноски, Донески, С. Тодороски, М. Тодороски, Маркоски, Стојаноски, Петрески, Димоски, Ѓоков, Наумоски.

Состави генерација 2006:

Еуроспорт Куманово: М. Јовановски, Нацевски, Маневски, Стевчевски, Д. Јовановски, Стојчиќ, Стојковски, Ѓорѓевиќ, Љубевски.

Форца: Лазевски, Давковски, Величковски, Дејановски, Буралиев, Данев, Анастасиевски, Симоновски, Елмаз.

ФК Вардар: Данстак, Цониќ, Крстевски, Јанкоски, Патаровски, Спасовски, Николовски, Голубов, Танчев, Гаштаров, Ивановски, Колоски, Хасиќ.

Ново Лисиче: Каровски, Трајановски, Бошнаков, Михајловски, Митев, Душковски, Цветков, Давитов, Ивановски, Лазаревски, Урдаревски, Лазовски.

Најчитани вести