„Гори“ линијата „Ало докторе!“

Вкупно 13.299 повици за точно три месеци на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе!“, или секој ден имало по 147 јавувања.

За здравствен совет се достапни 22 доктори, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија .

На сите лица кои се јавија на телефонската линија „Ало докторе!“ им е дадена медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.

Најчесто јавувањата се за медицинска помош со широк спектар на најразлична  симптоматологија ,кардиоваскуларни и респираторни симптоми,најчесто за покачен крвен притисок, проблеми со покачена телесна температура ,кашлица , настинки  и симптомна болка.

Секој ден од  18 до 22 часот во кол центарот „Ало докторе!“ за медицински совет се дежурни и достапни   за здравствен  совет директорите на јавните  здравствени установи.

Денеска од 18 до 22 часот ќе биде дежурен др.Илијаз Исмаили, директор на Клиниката за очни болести . Утре е дежурна Др.Ленче Неловска  од Геронтолошкиот завод 13 ноември ,во среда др.Мендух Јегени, директор на специјалната болница за Гинекологија и акушерство Чаир, на 18.12.2014 година др.Живка Јордановска од Заводот за рехабилитација на слух,говор и глас и во во петок на  19.12.2014 година др.Оливер Зафировски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле.

Во сабота на 20.12.2014 година дежурен е др.Идриз Неџипи од Психијатриска болница Скопје,а во недела на 21.12.2014 година др.Оливера Давчева од ЈЗО Здравствена станица Железара Скопје.