среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 52

Вкупно 16.859 ученици ќе полагаат државна матура

matura1

Поврзани вести

Оваа учебна година за државната матура се имаат пријавено 16.859 ученици. Од нив 8.729 од гимназиско образование, 7.866 од средно стручно образование и 264 од средно уметничко образование.

Согласно Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование со четиригодишно траење во Република Македонија учениците екстерно полагаат 3 предмети. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик.

На 4 јуни во сите средни училишта во Република Македонија ќе се полага задолжителниот предмет, односно македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература.

Македонски јазик и литература ќе полагаат 10.730 кандидати, албански јазик и литература 5.424, а 428 турски јазик и литература.

На 9 јуни ќе полагаат 2.335 кандидати математика.

На 13 јуни во сите средни училишта ќе се полага странски јазик. Како и секоја година и оваа најмногу матуранти имаа избрано да полагаат англиски јазик и тоа 15.353. Бројот на кандидати кои се пријавиле да ги полагаат останатите предмети е многу помал. Француски јазик ќе полагаат 114 кандидати, германски јазик 197, а руски јазик 32 кандидати.

На 15 јуни ќе се полага: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика. Бизнис ќе полагаат 4.426 кандидати, историја 2.775, биологија 3.191, филозофија 4.230, хемија 344, физика 91 и естетика 188.

Испитниот материјал истиот ден кога се реализира испитот се носи во училиштата и се враќа во ДИЦ.

Сите испити почнуваат во 10 часот.

Во процесот на реализација на матурата во училиштата се ангажирани и 2.314 наставници како тестатори и околу 200 набљудувачи.

Најчитани вести