Вкупно 270 јавувања на „Ало докторе“ за два дена

Вкупно 270 јавувања на телефонската линија за медицински совети „Ало докторе!“во изминативе два дена.

На  сите граѓани кои се јавија на телефонската им е дадена медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.

Најчесто јавувањата се за медицински совет со кардиоваскуларна и респираторна симптоматологија  поради  променливите временски услови  и  проблеми со покачена телесна температура и настинки.

На телефонската линија се јавуваат граѓани од сите градови на Македонија.

Вкупно 22  доктори  се достапни за медицински совет  24 часа  на телефонската линија  15 123 Ало докторе !

Секој ден од 18 до 22 часот во кол центарот Ало докторе за медицински совет се дежурни и достапни  за здравствен  совет директорите на јавните здравствени установи.

Денес  од 18 до 22 часот во кол центарот ќе биде  дежурна  директорката на Здравствен дом Скопје  др.Татјана Баевска- Вучковиќ –специјалист педијатар  ,а утре на 15.11.2014  година  проф. др. Никола Николовски од Клиниката за уво нос и грло.